Солени и вкусни коцки за денешниот ручек …

Потребно е:
250 гр мелено месо
100 гр сува димена сланина, ситно сецкана
1 главица кромид
4 чешниња лук
1 лажиче мелена црвена пиперка
сол, бибер
масло
100 гр сварен ориз
малку сецкан свеж магдонос
200 гр листови блитва
200 мл јогурт
200 мл кисела павлака
3 јајца
кашкавал

Подготовка:
– Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на малку масло.

– Додадете ги сецканата сланина и меленото месо и измешајте.

– Потоа додадете ги солта, биберот, црвената мелена пиперка, сварениот ориз, сецканиот магдонос и сецканиот лук.

– Листовите блитва убаво измијте ги и потоа полијте ги со врела вода за да омекнат.

– Дното на тавата во која ќе печете премачкајте го со масло и наредете половина од листовите блитва. Потоа ставете еден ред од смесата со месо и одозгора преостанатите листови блитва. Со нож исечете на коцки.

– Во една чинија изматете ги јајцата заедно со павлаката и јогуртот. Оваа смеса прелијте ја над листовите блитва и протресете ја тавата.

– На крај изрендајте малку кашкавал.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути.

Leave a Comment