Јунешки шницли со лук во бело вино

За денешниот ручек подгответе ги овие ароматични шницли

Потребно е:
600 гр јунешко шницли
150 гр лебни трошки
3 јајца
5-6 чешниња лук
3 лажици ситно сецкан свеж магдонос
1 лажица мелен сув зачин
200 мл бело вино
сол, бибер
масло

Подготовка:
– Шницлите истенчете ги со дрвен чук и убаво посипете ги со сол и бибер.

– Потоа секоја шницла увалкајте ја во лебни трошки и повторно истолчете ја со дрвениот чук, за да навлезат трошките во месото.

– Сега шницлите увалкајте ги во разматените јајца, па повторно во лебните трошки.

– Вака подготвените шницли испржете ги во врело масло од двете страни.

– Испржените шницли ставете ги во еден подлабок сад на рингла и додадете 2-3 лажици од маслото во кое се пржеа, ситно сецканиот лук, магдонос и 1 лажица мелен сув зачин.

– Полијте со вино и топла вода колку да ги покриете и оставете да се динстаат на тивко околу 45 минути, додека да омекнат.

Leave a Comment