Црното чоколадо ја враќа енергијата
Околу три часот попладне или по ручекот често се соочуваме со пад на енергијата.
Енергијата се насочува кон варање на храната или се намалува поради недоволниот сон во текот на претходната ноќ.
Наместо да испиете уште еден филџан кафе, изедете неколку коцки црно чоколадо, по можност да содржи над 70 проценти какао.
Колку повеќе какао содржи чоколадото, толку тоа има повеќе антиоксиданси и помалку шеќер.
Чоколадото поволно влијае и на расположението додека истовремено содржи и кофеин што дополнително ја зголемува енергијата и концетрацијата.