Босански лонец
За денешниот ручек подгответе го ова вкусно традиционално босанско јадење од месо и зеленчук…
Потребно е:
1,5 кг помасно месо со коски (телешко, јагнешко, свинско)
3-4 средно големи компири
3 домати
1 модар патлиџан
150 г боранија
2 пиперки
2-3 главици кромид
2-3 моркови
1 китка магдонос
1 помала главица зелка
сол, бибер
мелен сув зачин
мелена црвена пиперка
100-200 мл вода
масло
Подготовка:
– Месото исечете го на поголеми парчиња.
– Зеленчукот исецкајте го покрупно освен морковите, магдоносот, боранијата и пиперките.
– Земете подлабоко земјено грне (лонец) и на дното ставете еден слој од месото. Потоа наредете слој зелка исецкана на поголеми парчиња. Продолжете со редење на целиот зерленчук и целото месо додека не ги потрошите.
– Секој слој зачинете го со сол, бибер, мелен сув зачин и мелена црвена пиперка.
– Кога ќе го наредите лонецот одозгора полејте со малку масло и вода.
– Лонецот поклопете го со хартиена кеса која ќе ја заврзете со конец околу отворот на лонецот.
– Босанскиот лонец варете го 3-4 часа на тивко.