Нашиот предлог за денешниот ручек…

Потребно е:
800 г пилешко бело месо
4 врзопи блитва
1 чешне лук
5 дцл млеко
3 лажици брашно
мелен сув зачин, по желба
малку сол
масло

Подготовка:
– Белото месо исечете го на ленти и посипете го со мелен сув зачин и сол. Пропржте го малку во тава на загреано масло.

– Блитвата убаво измијте ја и ставете ја да се вари во солена вода да омекне. Исцедете ја од вишокот течност и исецкајте ја ситно.

– Во помало тенџере ставете масло да се загрее. Додадете го сецканото лукче и кратко пропржете го.

– Смалете ја температурата и додадете го и брашното малку да се пропржи.

– Потоа додадете го и млекото со постојано мешање за да не ви се направат грутчиња и на крај сецканата блитва. Зачинете со сол по вкус. Варете со постојано мешање додека течноста не се згусне малку.

– Во огноотпорна тава наредете го белото месо и прелијте го со сосот од блитва.

– Тавата ставете ја да се запече малку во загреана рерна на 200 целзиусови степени.

Leave a Comment