Најдобри извори на витамин Б5
Пантотенска киселина или витамин Б5 е еден од витамините на Б-комплекс.
Овој витамин е неопходен за нормален раст и развој на телото, производство на црвени и бели крвни зрнца, развој на нервниот систем и правилно функционирање на надбубрежната жлезда.
Важен е за здравјето на дигестивниот тракт, како и за искористувањето на останатите витамини во организмот, особено на витаминот Б2 (рибофлавин).
Исто така, истражувањата покажаа дека пантотенска киселина ја подобрува хидратантноста на кожата и го забрзува зараснувањето на раните.
Препорачаната дневна доза на витамин Б5 изнесува пет до 10 милиграми.
Недостатокот на овој витамин е релативно редок бидејќи тој се наоѓа скоро во сите намирници, макар и во мала количина.
Со витамин Б5 изобилуваат печурките, авокадото, брокулата, кељот, зелката, јајцата, кашкавалот, морската риба, свинското, пилешкото и телешкото месо, јаткастите плодови, пивскиот квасец и интегралните житарки.