Пивски гулаш
За денешниот ручек направете го овој малку поинаков гулаш …
Потребно е:
500 гр свинско месо кртина
1 главица кромид
3-4 лажици масло
3 чешниња лук
200 мл пасирани домати
500 мл пиво
1 лажиче мелена црвена пиперка
сол, бибер
1 лажиче мајчина душичка
1 лажиче власец
1-2 лажици пченкарна палента
Подготовка:
– Месото исечете го на мали коцки и пропржете го на загреано масло од сите страни.
– Потоа додадете ситно сецкан кромид и лук и пржете уште 1-2 минути.
– Потоа додадете мелена црвена пиперка, сол, бибер, мајчина душичка, пасирани домати и пиво.
– Убаво измешајте и варете на тивко околу 50 минути. По потреба ако испари повеќе од течноста додадете уште малку вода.
– Пред крај на варењето додадете ја палентата. Гулашот треба да има доволно сос.
– Пред да го послужите посипете го со сецкан власец.