Идеален ручек за почеток на неделата

Потребно е:
600 гр телешки медаљони
2 главици кромид
500 гр шампињони
1 лажица сенф
100 мл говетска супа
100 мл бело вино
1/2 китка свеж магдонос, ситно сецкан
1 лажиче мелен сув зачин
прстофат сол
1/2 лажиче бибер
сол, бибер
масло

Подготовка:
– Телешките медаљони истенчете ги со дрвен чук. Потоа испржете ги во врело масло во тава на рингла. Додека се пржат посипете ги со сол и бибер.

– Испржените медаљони извадете ги од тавата и на истата маснотија испржете го ситно сецканиот кромид. Додадете ги и сецканите печурки и динстајте 10-тина минути.

– Потоа додадете го сенфот, измешајте и сипете ги говетската супа, виното, сецканиот магдонос, меленн сув зачин, сол и бибер и убаво измешајте. Тавата покопете ја со капак и динстајте 15-тина минути.

– Во друга тава на рингла на 2-3 лажици масло пропржете 2 лажици брашно и ова додадете во тавата кај печурките.

– Динстајте уште кратко и потоа во тавата додадете ги испржените медаљони.

– На парче запечен леб ставете по еден медаљон и одозгора ставете од печурките и послужете.

Leave a Comment