Одличен ручек со млади компири …

Потребно е:
1,5 кг млади компири (по мали)
1 кг мелено месо
3 главици кромид
5-6 чешниња лук
100 гр лебни трошки
100 мл масло
сецкан свеж магдонос
2 јајца
сол, бибер
мелена црвена пиперка

за преливот:
200 мл кисела павлака
200 мл слатка павлака
200 мл млеко
3 јајца
3 лажици брашно
сол, бибер

Подготовка:
– Компирите убаво измијте ги, но не ги лупете. Исушете ги. Посипете ги со зачините и маслото и измешајте ги.

– Изрендајте ги кромидот и лукот. Магдоносот измијте го и ситно исецкајте го.

– Во месото додадете ги ренданите кромид и лук, магдоносот и сите останати состојки. Со раце убаво измесете ја смесата. Со раце земајте од смесата и обликувајте ќофтенца со големина на јајце.

– Во намастена тава за печење прво наредете ги компирите, а потоа наредете ги ќофтенцата помеѓу компирите.

– Тавата покријте ја со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 220 целзиусови степени.

– Додека се печат подгответе го сосот. Пенесто изматете ги јајцата и додадете ги и останатите состојки.

– Прелијте ги состојките во тавата и повторно вратете ја во рерна за да се запече.

– Печеното јадење посипете го со сецкан свеж магдонос.

Leave a Comment