Пилешки гулаш на шпански начин
За денешниот ручек подгответе го ова медитеранско јадење
Потребно е:
2 лажици маслиново масло
1 цело пиле исечено на помали парчиња
450 гр пикантни колбаси
1 кг млади компири
1 главица кромид
4 чешниња лук
1 конзерва сецкани домати (400 гр)
180 гр црни маслинки
1 лажиче суво оригано
изрендана кора од 1 портокал
1 ловоров лист
сол и бибер, по вкус
мелен сув зачин, по вкус
малку мелена црвена пиперка
400 мл пилешка супа или вода
Подготовка:
– Пилето измијте го убаво, исушете го и исечете го на помали делови.
– Во подлабоко тенџере кое го собира во рерна ставете 2 лажици масло. Секое парче месо намачкајте го со масло и ставете го во тавата.
– Измијте ги убаво младите компири, исечете ги на половина и ставете ги во тенџерето. Исто ставете ги и колбасите исечени на тркалца.
– Кромидот исечете го на поголеми коцки, а чешнињата лукот на половина и ставете ги исто во тенџерето. Посипете со изренданата кора од портокал.
– На крај сипете ги доматите од конзерва, додадете ги маслинките и ловоровиот лист, зачинете и доадете сол и бибер по вкус.
– Прелијте со 400 мл пилешка супа или вода и поклопете.
– Тенџерето ставете го во загреана рерна на 200 целзиусови степени и оставете го да се пече околу 1 час. Потоа отворете го и оставете го да се допече уште 15 минути до половина час, односно додека се добие убав густ сос.
– Посужете го со сварен бел ориз или паста по ваш избор.