Убава идеја за ручек оваа недела

Потребно е:
500 гр свински бут
2 главици кромид, ситно сецкан
2 чешниња лук
100 мл црно вино
3-4 листови од ловор
супа од коцка
свеж магдонос
сол, бибер
малку мелена црвена пиперка
маслиново масло

Подготовка:
– Месото исечете го на коцки. На малку масло пропржете го кромидот и по неколку минути додадете малку од супата и динстајте уште кратко додека не испари течноста.

– Потоа додадете го месото и кратко пропржете го. Кога месото ќе пушти малку течност, додадете ги лукчето, сецканиот магдонос, листовите ловор и мелената црвена пиперка. Досипете уште малку од супата. Внимавајте сосот треба да биде густ.

– Сега сипете го и виното и динстајте го јадењето уште околу 1 час додека месото не омекне убаво. Зачинете со сол и бибер.

– Палентата сварете ја според упатството на пакувањето. Ставете од палентата на чиниите, а на средината сипете од месото и сосот.

– Ова јадење послужете го со зелена салата или салата од цвекло. По желба наместо палента, ова јадење може да го послужите со пире од компири.

Leave a Comment