Овие намирници содржат повеќе витамин Ц од портокалот
Погледнете ја листата на петте намирници кои содржат повеќе витамин Ц од портокалот:
Црвени и жолти пиперки
Познато е дека пиперките содржат навистина голема доза на Ц витамин. Конзумирање на една половина на пиперка содржи околу 144 мг витамин Ц. Тоа е повеќе од дневно препорачаната доза. Пиперката е одличен избор за вашата дневна диета.
Папаја
Едно сервирање на половина од папајата содржи 94 мг на витамин Ц што е доволно да се задоволи потребната доза на витамин Ц. Доколку имате прилика конзумирајте ја во свежи овошни салати или при припрема на смути.
Кива
Зеленото егзотично овошје е полно со витаминот Ц. Само една кива што е помала од еден портокал содржи 84 мг на витамин Ц. Ова овошје е богато и со витамин К, Е и влакна. Идеален е во зелено утринско смути.
Гуава
Тропско овошје кое содржи голема доза на витамин Ц. Една овошка има околу 200 мг витамин Ц, што е двојно од препорачаната дневна доза за здрав организам. Може да се примени во вашата дневна диета поради ниското ниво на калории.
Јагода
Оваа црвена овошка е одлична за вашето здравје. Може да се употреби во десерти, смути, јогурт или житарици. Една чаша јагоди содржи околу 85 мг витамин Ц. Јагодата е позната исто така, по нејзините антиоксидативни својства, превенцијата од канцер, подобрување на функцијата на мозокот како и метаболизмот.