Нацијата која се храни најздраво за Божиќ е …

Истражувањето е направено од британската истражувачка Кристина Мерифијлд.

Таа ги спореди божиќните мениа на различни народи, и ги дефинираше земјите каде ја подготвуваат најздравата празнична трпеза.

На прво место на листата е Полска. 

На Божиќ Полјаците ставаат на масата борш, крап и компот од суво овошје. Овие јадења не го оптоваруваат желудникот.

На второ место се Австралијанците и Новозеланfаните. Во Австралија и Нов Зеланд храната на Божиќ, исто така е лесна, бидејќи постојат многу салати и морска храна. Десертот е обично торта Павлова и свежо овошје. Месо исто така се сервира, но умерено.

Француското божиќно мени е во средината на листата.

Тоа е со паштета, петел, сирење, божиќен колач и тоа е тешка храна, иако има и салата.

Масите во Шпанија и Германија се прилично нездрави, со месо, колбаси, компир и колачи. Затоа тие го заземаат четвртото место на листата.

На последните две места на листата се Британците и Американците.

Тие јадат мисирка со компири и сос.

Leave a Comment