Пилешко со сусам и ориз
Потребни состојки:
1 кг пилешки гради, исечени на коцки од 2,5х2,5 см
0,5 дл мед
0,5 дл соја сос
0,5 дл вода
3 парчиња лук (ситно сечкан)
1/4 лажичка исечкано чили
3 лажички пченкарен скроб
2 лажици ладна вода
2 лажици сусам
1 лажица масло од сусам
За гарнир: варен ориз
Евентуално: ситно сечкан млад кромид
Начин на подготовка:
Во сад измешајте ги медот, соја сосот, водата, лукот и чилито и тргнете го сосот на страна.
Загрејте го маслото од сусам во тава и кога ќе биде жешко, додајте ги коцките пилешко.
Пржете ги на висока температура со постојано мешање неколку минути, а потоа истурете го веќе подготвениот сос во тавата.
Малку намалете ја температурата и гответе уште 5 минути, со покриен капак. Повремено мешајте.
Во сад измешајте пченкарен скорб и 2 лажици вода и мешавината додајте ја во јадењето. Мешајте додека смесата не згусне.
Изгаснете го огнот и наросете со сусам. Послужете со варен ориз и посипете со сечкан кромид.