Унгарски слатки палачинки
Еден убав појадок или пак вкусен сладок десерт …
Потребно е:
6 јајца
200 мл млеко
400 гр брашно
изрендана кора од 1 портокал
1 ванилин шеќер
100 гр мелени или ситно сецкани ореви
1 лажиче какао
50 гр шеќер
2 лажици масло
Подготовка:
– Одвоите ги белките од жолчките. Белките изматете ги во густ шлаг и оставете го на страна.
– Во друг сад изматете ги жолчките, додадете ги млекото, кората од портокал и ванилиниот шеќер и повторно изматете. Потоа полека додадете ги изматените белки и маслото и измешајте со дрвена лажица. Садот оставете го на страна.
– Загрејте ја тавата и само првиот пат сипете неколку капки масло во тавата. Со црпалка земајте од смесата за палачинки и сипете во тавата. Секоја палачинка пржете ја само од едната страна, не ја превртувајте од другата.
– Ставете ја на чинија и посипете ја со какао и малку шеќер. Кога ќе ја испржите и втората ставете ја над првата и посипете ја со мелени или ситно сецкани ореви и шеќер. Истата постапка повторувајте ја со сите испржени палачинки. Последната палачинка ставете ја најодозгора со ипржената страна од горе.
– Послужете ги топли. Можете пред да ги послужите да ги прелиете со некој овошен или јаворов сируп.