Одличен посен колач: Медено срце

Тестото е исто како она на вистинските купечки медени срца. Едноставно е супер, ефтин и лесен колач или торта, како сакате. Во овој колач нема јајца! Еве го рецептот:

Потребно е:

1 чаша шеќер (со онаа со која ќе почнете да мерите, со таа продолжете (за кафе, млеко…))
2 чаши брашно
1 пакетче пециво
половина кесиче цимет
3 лажици какао
3 лажици масло за јадење
5 лажици мармалад (или мед)
1 чаша кисела вода
1 пакетче ванилин шеќер (по желба)

За глазура:

100 гр чоколадо за готвење
7 лажици масло за јадње
4 лажици вода

Подготовка:

– Во сад за матење ставајте ги состојките по напишаниот редослед. Треба да добиете густа и хомогена смеса.

– Ставете ја во тавче за печење малку намачкано со масло и брашно.

– Ставете да се пече во ладна рерна, на 230 целзиусови степени.

– За тоа време направете го преливот, така што во мало тенџерче ќе ги ставите сите состојки за глазурата и на пареа растопете ги.

– Глазурата прелијте ја врз испечениот колач.

– Сечете на коцки и сервирајте го претходно убаво оладен во фрижидер.

Leave a Comment