ВИДЕО: Згответе печено пиле во зеленчук

За четири порции потребни се:

1 пиле (2 кг од прилика)

2 лажички микс од зачин по ваш избор

1 лажичка сол

Половина лажичка свежо мелен црн бибер

1 лимон

Неколку моркови, компири

Путер

Подготовка:

Измешајте го путерот со миксот од зачини, избришете го пилето и посолете. Намачкајте го потоа со мешавината од путер и зачини. Во тава за печење ставете го зеленчукот, посолете ги исецканите моркови и компири, додадете црн бибер и врз нив ставете го пилето.

Печете еден час на 200 степени. Добар апетит.

Leave a Comment